Huawei во својата MatePad линија додаде уште еден премиум таблет. Се работи за MatePad 10.8, кој во продажба ќе се најде од 13. август во Кина, а засега нема информации за глобалната објава на уредот.
Ќе постојат четири варијанти на таблетот. Основниот модел со 64GB простор за складирање ќе чини околу 342 долари. Моделот со 128GB простор ќе чини околу 399 долари, додека варијантата со 256GB ќе се продава по цена од околу 513 долари. На крајот, ќе постои и 4G варијанта со цена од околу 456 долари.
Купувачите ќе можат да изберат помеѓу Champagne Gold и Silver Diamond Grey боите, а дополнителната опрема за таблетот го вклучува и M-Pencil stylus паметното пенкалце и магнетна тастатура.
MatePad 10.8 користи 10.8-инчен дисплеј со 2K QHD (2560 x 1600p) резолуција и punch-hole дизајн. Уредот го покренува Huawei 7nm Kirin 990 чипсет, во комбинација со Mali-G76 GPU и 6GB RAM.
За фотографирање и видео, тука се и 13MP f/1.8 камера на задната страна и 8MP f/2.0предна камера. Таблетот го напојува 7500mAh батерија со поддршка за 40W SuperCharge. Присутна е и поддршка за Wi-Fi 6+, кој овозможува конекција на брзината до 2.4Gbps.
На крајот, Huawei MatePad 10.8 работи под EMUI 10.1 софтвер, кој ги поддржува функциите како што се Screen Collaboration, Huawei Unilink, Smart Split Screen и други.