Не дели нешто повеќе од еден месец од објавата на iPhone 2020 лнијата, но гласините за уредите непрестано се појавуваат. Овој пат, се работи за информации за подостапниот iPhone модел со 5,4-инчен LCD екран.

Кинескиот дојавувач DigitalChatStation ни дава генерална идеја за годинашниот најевтин iPhone модел (не сметајќи го iPhone SE 2020). Засекот во екранот и натаму е присутен, а делува дека големината е неизменета во однос на засекот кој го има актуелната iPhone 11 серија. Од друга страна, димензиите на прототипот од фотографијата се слични на iPhone SE 2020 моделот.

Засега знаеме дека основниот iPhone 12 се очекува со 2227mAh батерија. Покрај тоа, гласините сугерираат дека уредот ќе има LTE и 5G верзии, како и дека LTE моделот ќе има почетна цена од 549 долари. Најверојатно ќе користи систем со две камери како и iPhone 11.

iPhone 12 линијата се очекува со Semco и Sunny Optical леќи за камерите, кои ќе овозможат подобри вкупни перформанси и подобрен автофокус. Apple треба да ја претстави iPhone 12 линијата на 8. септември.