Facebook ќе прави проверка дали алгоритмите на социјалните мрежи можат да доведат до расна дискриминација и да ги отстрани недостатоците.
Тимови од експерти кои се занимаваат со „еднаквост“ се формирани во самата компанија и во компанијата на Инстаграм, што е во сопственост на Facebook.
Експертите ќе истражуваат како алгоритмите влијаат врз припадниците на националните малцинства.
„Движењето за расни права е важно за нашата компанија“, изјави Вишал Шах портпарол на Instagram.
Компанијата се заснова на ставот дека секоја пристрасност во системите и правилата на употреба спречува да се обезбеди платформа за изразување на сите луѓе.