Десет илјади пицерии во 2.000 градови во САД добиваат порачки по пат на кол центар лоциран во Македонија.

Се наведува дека триста вработени во компанијата “Слајс”, лоцирана во Дебар и Охрид, секојдневно им пружаат помош по пат на телефон на 10-20 илјади американски корисници.

Станува збор за инвестиција на дебранецот Илир Сеља, кој повеќе од две децении живее и работи во САД. Тој од градоначалникот на Дебар добил посебна плакета за придонес во намалувањето на невработеноста, особено помеѓу младите лица.

Компанијата на Илир во Дебар има 147, а во Охрид 150 вработени, а Сеља најавува и нови 100 работни места. Тој објаснува дека преку платформата на оваа компанија, корисниците во САД нарачуваат пица преку интернет и од вработените во Македонија имаат 24-часовна поддршка.

Сопственикот на компанијата наведува дека просечната старост на вработените е од 24-28 години и дека станува збор за лица од сите националности кои живеат во двете општини каде што се наоѓа кол центарот.