ARM архитектурата на чипови се користи во многу телефони и таблет уреди, како и во останатите уреди. Наскоро и Apple ќе се префрли од Intel на ARM за своите Mac компјутери. Поради тоа, не претставува изненадување што многу технолошки гиганти се заинтереситани за купување на ARM. Според најновите извештаи, меѓу нив е и Nvidia.
Како што известува Bloomberg, Nvidia му понуди преговори на ARM во врска со потенцијално купување. Моментно, ARM Ltd. е во сопственост на јапонската SoftBank, која компанијата ја купи во 2016. година за 32 милијарди долари.
Купувањето на ARM би можело да биде најголемата аквизиција во индустријата на чипови. Nvidia во последно време бележи скок на акциите, а пазарната капитализација достигна 254 милијарди долари.
Засега не е познато колку Nvidia е подготвена за аквизиција на ARM. Нешто претходно, Nvidia за седум милијарди долари го купи Mellanox, компанија која е специјализирана за cloud, податоци и мрежи.