Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ прогресивно и проактивно се залага за успешно и доследно дигитализирање на општествените и економски процеси. Во таа насока МАСИТ претставува иницијатор, партнер и двигател на бројни дигитални проекти кои се во полза на правните и физички лица, државните институции и граѓанскиот сектор.
Поврзано со новонастаната ситуација и технички проблеми на порталот на Државната Изборна Комисија за време и по изборниот процес на предвремените парламентарни избори јули 2020 година, МАСИТ како влијателно тело за сите процеси на дигитализација и транспарентност, а особено како комора која ги застапува ИТ компаниите, укажува дека дигиталните проекти, производи и услуги кои се од општествено, економско и државно значење, независно дали законот тоа го предвидува или не, треба да се договараат и реализираат на максимално транспарентен, објективен и етичен начин, и при тоа, никако не смее да биде изземена комората МАСИТ која е носител, иницијатор и реализатор на дигиталните процеси во земјава.
Истовремено, сугерираме при селекцијата на компанија поврзана со активности во јавниот сектор, секогаш да се побараат релевантни референци, соодветни сертификати, експертиза и искуство во дадената област.
Во време на политички и општествени промени, научивме дека транспарентноста и интегритетот се клучни за создавање на здрави процеси и квалитетни проекти и тргнувајќи токму од таа кауза упатуваме силна сугестија за исползување на ресурсите, експертизата и стручните мислења на комората МАСИТ во дигитални проекти од општествено-национално значење.