Денеска во Младински културен центар во Скопје по две години повторно ќе се отвори Планетариумот. Љубителите на астрономијата ќе може да присуствуваат на предавањата што ќе ги одржуваат Моника Пешевска и Радан Митровиќ, а кои се кои се адаптирани според возраста на посетителите.

„Повторно ќе имате можност да учите за планетите, ѕвездите, сите светли и темни нешта во вселената, за сè околу нас“, велат од МКЦ.

Поради сè уште важечките ковид рестрикции, на едно предавање ќе можат да присуствуваат најмногу 30 лица.