Борбата со короната ни одблиску не е готова, предупредува германскиот имунолог Угур Сахир. Тој верува дека вакцината против коронавирусот ќе биде направена до крајот на 2020 година, но смета дека Ковид-19 ќе трае многу подолго пред да биде ставен под контрола.

Генералниот директор на биотехнолошката компанија Biotech од Мајнц, една од 17-те компании ширум светот кои работат на развој на вакцината против короната, во интервју за „Волстрит Журнал“ изјавил дека ќе биде неопходно сложено тестирање, пред вакцината да најде примена.

Освен тоа, можно е вирусот да се проширил и да се заразени повеќе од 13 милиони луѓе ширум светот.

„Тоа значи дека можеби ќе ни бидат  потребни десет години, за да го достигнеме колективниот имунитет“, изјавил тој.

„Сметам дека имунитетот можеме да го достигнеме само ако повеќе од 90% од светското население е имуно, без разлика на вакцината“, објаснува друг експерт.

Според негово мислење, таа цел е остварлива, само ако повеќе различни произведувачи истовремено понудат на пазарот различни вакцини.

„Не е цел да се тркаме. За да згрижите седум милијарди луѓе на светот потребни се голем број  компании. Вакцината е единствена шанса трајно да воспоставиме контрола на пандемијата“, изјавил Сахин во интервју за „Зиддојче цајтунг“.

„Една компанија сама нема да може да го снабди целиот свет со вакцини“, предупредува експертот.

Претходно научниците најавија дека вакцината против коронавирусот би можела да се најде на пазарот за околу година дена.

Најмногу, засега, ветуваат истражувањата и работата на вакцината зад која стојат научници од Универзитетот „Оксфорд“.

Тамошната вакцина е наречена AZD1222 и во моментот со истата во Велика Британија се тестираат околу 10.000 доброволци, на возраст меѓу 18 и 55 години. Во Бразил се тестираат 5000 лица, додека во Јужна Африка 2000.

Наскоро ќе се почне со тестови и во Соединетите Американски Држави на 30.000 луѓе. Вакцината влезе во последната трета фаза, по која се чека итно одобрение за употреба.

Во јуни четири членки на Европската Унија, Германија, Франција, Италија и Холандија, ќе склопат договори со Astra zeneko, за купопродажба на најмалку 300 милиони дози на вакцина против Ковид-19, која во моментов се тестира на Универзитетот „Оксфорд“.

„Благодарение на овој договор, стотина милиони Европејци ќе имаат можност да добијат вакцина од Универзитетот ‘Оксфорд’, веднаш откако истата ќе биде регистрирана“, изјавил Паскал Сорио, герналниот директор на компанијата Astra Zeneca.

И на Универзитетот „Сеченов“ во Русија успешно е завршено испитувањето на вакцината против коронавирусот, а резултатите ќе треба да ја докажат нејзината ефикасност. Ова го потврдила неодамна Елена Смолјарчук, шеф на тамошниот истражувачки тим.