Amazon ќе претстави количка за купување, која ќе ги следи работите додека купувачите ги ставаат во неа, а потоа автоматски ќе ги наплатува кога од количката ќе бидат извадат кесите со намирници, овозможувајки им на клиентите да ги прескокнат редовите на каса, пренесува CNBC.
Новата Dash количка, компанијата ќе ја претстави во својата нова продавница во Лос Анџелес, која би требало да се отвори оваа година.
Купувачите мора да имаат Amazon сметка и паметен телефон за да ги користат овие услуги.
Сите колички ќе бидат опремени со камери, сензори и ваги, а додека клиентите додаваат и отстрануваат предмети, дисплејот на предната страна на корпата ја прилагодува вкупната цена.
Компанијата ќе им наплаќа на корисниците преку кредитна картичка која е поврзана со нивната сметка на Amazon и преку мејл ќе испраќа копија од сметката.
Извор: Nova Ekonomija.rs