Многу е веројатно дека Google се надева дека ќе го зголеми квалитетот на апликациите во Play store со лансирањето на нова програма која е сосема различна од веќе постоечката. Додека старата програма се фокусирала на пронаоѓање грешки во веб страните и оперативните системи, оваа програма ќе им плаќа на хакерите кога ќе најдат слабости во некои од најдобрите Android апликации. Веднаш по пронаоѓањето, хакерите треба да го прикажат проблемот на програмерите и да работат заедно со нив пред да го предадат извештајот преку платформата наречена HackerOne и да можат да си ја подигнат својата награда.
Google ветува 1000 долари за секоја грешка која ќе ги исполни критериумите, но хакерите нема да можат да изберат било каква апликација. Општо познато е дека има премногу spam апликација во плејсторот. Моментално, наградата може да ја добијат единствено ако најдат веродостојна грешка во Dropbox, Duolingo, Line, Snapchat, Tinder, Alibaba, Mail.ru и Headspace. Google планира и во иднина да покани уште повеќе програмери за решавање на овој вид проблеми.