Денес постојат научни докази дека слободните радикали се поврзани со над 150 болести во човековото тело.
Слободните радикали поттикнуваат развој на многу болести, а со нивните влијанија се занимаваат светските научници и нудат различни програми со антиоксидансите.
Што се слободните радикали, зошто се појавуваат во масовни облици и кога, може ли да се делува на нив, објаснува специјалист по медицина, д-р Ивица Јеремиќ од Институтот за ревматологија.
Слободните радикали настануваат и при активноста на ензимите кои што ја објавуваат детоксикацијата на токсичните материјали и лекови на џигерот, а многу зависи и од надворешните влијанија, затоа што загадувањето на воздухот многу го зголемува создавањето на слободните радикали“ – вели д-р Јеремиќ.
Денес постојат научни докази со кои што се утврдува дека слободните радикали поврзани се со над 150 болести.
Слободните радикали, односно оксидативниот стрес се поврзува со кардиоваксуларните болести, дијабетес, карцином, стареење, Алцхајмерова и паркинсонова болест.
Се смета дека артеосклерозара започнува и ја одржуваат слободните радикали, а тоа е особено важно затоа што срцевите и мозочните удари како последица на артеросклерозара денес е најважниот пример во високо и средно развиедните земји – истакнува д-р Јеремиќ.
Слободните радикали учествуваат и како продолжение на дегенеративните болести на нервниот систем, како што се Алцхајмер и Паркинсонова болест.
И сончевото здрачење може директно да оддели одредени молекули во нашата кожа и да создаде слободни радикали кои што ја оштетуваат нашата ДНК.
Општо е познато дека сончевото зрачење го забрзува и стареењето на нашата кожа и го зголемува ризикот од настанување на меланом.