OnePlus Nord ќе биде претставен на 21. јули, а сега речиси секојдневно добиваме информации за уредот кои ни даваат подобар увид во главните карактеристики на телефонот. Најновиот извештај пристигнува од интервју во кое соосновачот на брендот Карл Пеи истакнал некои карактеристики на системот на камерите на телефонот.

Главната камера ќе има 48MP сензор и ќе нуди OIS поддршка. Покрај тоа, ќе постои и 8MP ултраширок сензор, 5MP макро модул и 2MP сензор за длабочина. Ќе постојат две предни камери, сместени во овален punch-hole отвор, со 32MP и 8MP сензори.

Исто така, знаеме дека OnePlus Nord ќе пристигне со Snapdragon 765G чипсет, 6GB RAM 128GB простор за складирање податоци за основната верзија и батерија со капацитет 4300mAh.

Се очекува дека почетната цена на уредот ќе изнесува под 500 долари, но ќе варира во зависност од пазарот на кој ќе се нуди OnePlus Nord.