Huawei веќе некоре време подготвува нов вид десктоп компјутер, со прилагодени матични плочо, како и прилагоден процесор и опреативен систем. Huawei планира со овој PC да ја снабдува кинеската влада и институциите, а јасно е дека компанијата сака да се дистанцира од технологиите кои се креирани во САД.

Сега, благодарение на YouTube каналот „二斤自制“, имаме прилика да ги видиме првите информации за новиот PC систем на Huawei. Системот го покренува Huawei D920S10 десктоп матична плоча, опремена со Kunpeng 920 7nm Arm v8 процесор со осум јадра. Компјутерот користи 64-битен UOS оперативен систем, кој претставува кинеска модификација на Linux. На тестот, компјутерпт е составен од екстерен провајдер и има 16GB 2666MHz DDR4 меморија и 256GB SSD.

h2_87.jpg

Споменатиот YouTube канал го стави системот на Blender BMW рендер тест, кој е завршен за 11 минути 47 секунди, што е доста бавно. Наводно, системот успеал добро да ja стримува 4К содржината, но се мачеше со локалната репродукција на видеото, поради лошото енкодирање.

h3_39.jpg
Kunpeng 920 2249K со осум јадра има работен такт од 2.6GHz, 128K L1 cache, 512K L2 cache и 32MB за L3.