Motorola Razr 2019 е флексибилен телефон со одличен дизајн, но не е опремен со врвен хардвер како што очекуваа корисниците. Смартфонот пристигнува со Snapdragon 710 чипсет и 16MP главна камера, додека цената на уредот изнесува околу 1500 долари.
Според наводите на дојавувачот Evan Blass (@evleaks), новиот Motorola Razr конечно ќе имплементира 5G поддршка,а ќе има 48MP главна камера, со 20MP селфи камера и 6.2-инчна дијагонала на екранот, која е задржана од минатогодишниот модел.
Овој пат, корисниците добиваат и 256GB простор за складирање со поддршка за nano-SIM и eSIM компатибилност (наспроти 128GB без microSD слот на Razr 2019 моделот). Дојавувачот споменува дека покрај главната камера од 48MP, телефонот ќе има и дополнителна камера, а не е познато која ќе биде нејзината намена.