Sony речиси пет години не претстави нов модел на A7S фотоапаратот, но изгледа дека најновиот модел од оваа линија наскоро ќе биде официјализиран. Кенји Танака, потпретседател на Sony, во интервју истакна дека третата генерација на A7S фотоапаратот ќе пристигне подоцна во текот на летото.
Претставникот на компанијата не ги спомена спецификациите на уредот, но вети дека се ќе биде ново и дека „S“ ознаката за осетливост (sensitivity) ќе остане супериорна кај овој модел, благодарение на квалитетот на сликата.
Танака сугерира дека новиот A7S ќе има поголеми пиксели и дека Sony е свесен за бројните барања на корисниците во врска со надградбата на опциите за снимање, вклучувајќи ги и
4K @60 FPS, 10-bit 4:2:2 и RAW снимање.
Се уште има многу непознати работи за овој фотоапарат, вклучувајќи ја и информацијата колку карактеристики ќе позајми од неодамнешното ажурирање на A7 моделот. Исто така, не се очекува дека уредот ќе биде евтин – A7S II без објектив се продава по цена од 2400 долари.