Acer денеска го одржа својот next@acer настан, во текот на кој компанијата најави голем број нови производи. Ова го вклучува и новиот Swift 5 ултрабук, кој повторно комбинира врвни перформанси и исклучителна преносливост.
Лаптопот е креиран од легура на магнезиум, а тежок е под 1 кг. Покрај тоа, Swift 5 ќе ја имплементира наредната генерација процесори на Intel, со кодно име Tiger Lake. Интегрираната графика ќе биде заснована на Intel Xe архитектура, која ветува двојно подобри перформанси од актуелната Gen11 графика. Оние кои сакаат повеќе, лаптопот и натаму можат да го опремат со Nvidia GeForce MX350 графичка картичка.
Уште едно големо подобрување, кое Acer го понуди на својот нов производ е премазот кој штити од бактерии. Покрај целосното куќиште, присутна е и антибактериска заштита за екранот.
Остатокот на спецификациите на Acer Swift 5 ултрабук лаптопот вклучуваат: 14-инчен FHD екран осетлив на допир, 56Whr батерија, Thunderbolt 3 и USB 3.2 Gen 2. Присутни се и Wi-Fi 6 и Bluetooth 5.0 технологиите на конекција.
Новиот Swift 5 лаптоп ќе се најде на пазарот веќе од октомври, со почетна цена од 1099 евра за пазарот на Европа.