Експертитe од германскиот Државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ сметаат дека вториот бран на ширење на коронавирус може да се спречи со дисциплинирано однесување на граѓаните.
„Не очекуваме драстични промени во врска со ширењето на инфекцијата во иднина“, рече директорот на Институтот „Роберт Кох“ во Берлин, додавајќи дека е многу оптимистичен за можното ширење на вториот бран на инфекција.
„Ние мора да продолжиме да бидеме будни и да се придржуваме кон правилата за оддалеченост и носење маски во јавниот превоз и продавниците“, рече Вилер.
Апликацијата на федералната влада за следење на вирусот, исто така треба да помогне во спречувањето на ширење на инфекцијата.
Тој објасни дека вирусот ќе остане меѓу нас што ќе се манифестира преку индивидуални локално изолирани жаришта на ширење, како што е случајот во моментот во западногерманскиот Гитерслох, каде што од вторникот се обновени строгите мерки за борба против ширењето на вирусот.
Покрај хигиенските мерки за спречување на ширење инфекции, треба да помогне и апликацијата на сојузната влада за следење вируси, која, како што соопшти канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, наскоро треба да функционира и во странство.
Шефот на канцеларијата, Хелгер Браун, објасни дека се водат разговори со властите во Австрија, Швајцарија и Италија за да се усогласи функционирањето на различните системи на апликацијата за следење дури и пред почетокот на главната летна туристичка сезона.