Компанијата Jacob & Co. го претстави својот нов часовник наменет за купувачите со длабок џеб.
Часовникот е наречен Twin Turbo Furious и е дизајниран во чест на автомобилот Chiron Super Sport 300+ на Bugatti кој е претставен минатата година. Цената на часовникот изнесува неверојатни 580.000 долари.
Достапен е во две варијанти, Black DLC Grade 5 Titanium и Carbon Fibre (Rose Gold). Произведени се само 30 примероци од овој луксузен часовник.
Извор: Klix.ba