Постојат различни социјални платформи за различни намери, па така луѓето сè повеќе тежнеат да го користат Facebook за лични работи, додека за професионалните работи се свртуваат кон LinkedIn.
Меѓутоа, се чини дека Facebook сака да биде сеопфатен, а судејќи по твитот на Мет Навара, оваа социјална мрежа ја тестира CV функцијата во склоп на својата платформа.
New! Facebook is testing a Resume / CV feature for job hunters
h/t @wongmjane pic.twitter.com/KfN2x66OKq
— Matt Navarra | ? #StayAtHome (@MattNavarra) October 15, 2017
Оваа опција изгледа прилично едноставно и ќе им овозможи на корисниците да го наведат своето резиме, како нивното професионално искуство, образование, слика и додатни информации. Меѓутоа, како што истакнува „Business Insider“, Facebook веќе им дозволува на корисниците на своите профили да го наведат своето работно искуство и образование.
Facebook потврди дека оваа опција сè уште се тестира, но и како обично нема потврда дали функцијата ќе биде достапна за сите корисници.
„Во Facebook секогаш градиме и тестираме нови производи и услуги. Моментално ја тестираме функцијата со цел да продолжиме да им помагаме на луѓето да пронајдат работа, а претприемачите да понудат работа на оваа социјална мрежа”, велат од компанијата.