Компанијата Lenovo објави неколку нови лаптопи од својата ThinkPad серија, а уредите се опремени со десетата генерација на Intel H-серијата процесори и имаат нов Ultra Performance Mode. Лаптопите кои ги објави компанијата се ThinkPad P15, ThinkPad P17, ThinkPad P1 Gen 3, ThinkPad P15v и ThinkPad X1 Extreme Gen 3.
Моделите ThinkPad P15 и P17 ги карактеризира 30% поголем CPU проводник на топлина, нов термален систем, како и поголеми вентилатори за одведување на топлината. Lenovo, исто така, укажува на до четири пати подобри CPU и GPU перформанси во однос на претходните модели. Лаптопите се опремени со NVIDIA Quadro RTX графички картички, имаат до 128GB DDR4 RAM и 4TB простор за складирање. Тука се и UHD Dolby Vision HDR дисплеите.
Кога е во прашање надградбата за ThinkPad P1 Gen 3 модел, лаптопот има UHD дисплеј со осветлување од 600 нита, опционален LTE WWAN пристап, подобри звучници и нов премаз за куќиште, кое спречува создавање дамки. Моделот ThinkPad P15v исто така добива UHD дисплеј од 600 нита и подобрување на графичките потенцијали преку NVIDIA Quadro P620 GPU.
На крајот, го имаме ThinkPad X1 Extreme Gen 3 моделот на лаптоп, кој пристигнува со до Intel H series Core i9 vPro процесор од десетата генерација и опционална NVIDIA GeForce 1650Ti графичка картичка. Лаптопот има 15.6-инчен екран со 600 нита осветлување и опционална CAT16 LTE-A WWAN поддршка. Тука е и Wi-Fi 6 поддршката за подобра конекција.
Кога се во прашање цените, ThinkPad P15 има почетна цена од 1979 долари, додека ThinkPad P17 почнува од 2119 долари. ThinkPad P1 Gen 3 има почетна цена од 2019. долари, додека ThinkPad P15v ќе чини 1349 долари. На крајот, почетната цена за ThinkPad X1 Extreme Gen 3 изнесува 1749 долари. Сите лаптопи ќе се најдат во продажба од јули.