Доколку размислувате за купување на нов паметен часовник, секако треба да се запознаете со новиот Apple Watch 3 кој што повеќе не зависи толку од iPhone, за разлика од неговите претходници.
Иако надворешниот изглед на Apple Watch 3 се нема многу променето, сепак важни се „внатрешните“ спецификации кои што носат некои клучни новости.
Apple Watch 3 е опремен со 70% побрз процесор, подобар GPS и LTE чип со кој што се дистанцираше од iPhone. Тоа значи дека часовникот самостојно се поврзува на интернет каде што ќе имате мрежна покриеност.
Apple Watch 3 е достапен во две големини со иста ширина на ремче како и претходните модели. Дијагоналата на екранот изнесува 1,6 инчи. Тоа што можеби ќе им пречи на некои корисници е тоа што Apple Watch 3 не поддржува константна вклученост на екранот.
Новиот Apple Watch 3 е отпорен на вода, а за прв пат во него е вграден и алтиметар.
Покрај тоа, Apple Watch 3 се продава во две верзии кога е во прашање меморијата – 8 GB или 16 GB. Apple Watch 3 со помала меморија ќе се продава по цена од 329 долари, додека тој со 16 GB ќе се продава по цена од 329 долари.
Извор: Klix.ba