Веќе некое време се појавуваат информации за тоа дека Samsung на 5. август планира објава на Galaxy Fold 2 телефонот (во текот на презентацијата ќе биде прикажана и Note 20 серијата. Меѓутоа, изгледа дека новиот Galaxy Fold нема да биде во продажба веднаш по објавата, за разлика од новите Note модели.

Според наводите, развојот на софтвер за Galaxy Fold 2 се уште не ја достигнал првата верзија на bootloader, што значи дека е далеку од финалната фаза. Покрај тоа, некои извори истакнуваат дека помасовното производство на Fold 2 моделот ќе почне дури во август, што значи дека може да се очекува во продажба, дури кон крајот на август или септември, но и тогаш залихите на телефони ќе бидат многу лимитирани.

Најголем дел од овие лимитирани залихи ќе биде предизвикан од недостатокот на Ultra-Thin Glass (UTG), кој Samsung ќе го користи преку своите свитливи екрани.

Galaxy Fold 2 на почеток ќе биде тешко да се пронајде во продажба, а се очекува да биде поевтин од својот претходник. Телефонот би требало да има поголеми екрани, Snapdragon 865 чипсет со 5G поддршка, 4500mAh батерија, а Samsung би можел да имплементира и отпорност на вода и прав.