Еден британски и еден норвешки научник, неодамна објавиле студија од која може да се заклучи дека вирусот SARS-CoV-2 е вештачки создаден во лабораторија, пишува српски Курир.
Според нивниот труд кој бил објавен во списанието Quarterly Review of Biophysics, шилестиот протеин од новиот коронавирус, содржи некаква секвенца за која се верува дека е вештачки вметната, за да се зголеми ефикасноста на самиот вирус.
Во резимето на тдурот и подоцна во неговата разработка, норвешкиот виролог Биргер Соренсен и британскиот онколог Ангус Далглеиш, тврдат дека идентификувале вметнати делови поставени на површината на шилестиот протеин на SARS-CoV-2, кој бил клуен за комуникацијата на вирусот со човечките клетки и за влез во истите, пишува „Курир.рс“
Соренсен за норвешката телевизија NRK, изјавил дека вирусот има својство кое се разликува од другиот вид на коронавирус, предизвикан од САРС и дека тој никогаш не е откриен во природата. Утврдил дека Кина и САД соработуваат долго низ годините на истражувањето на короната.
Двете земји соработуваат правејќи студии во кои, патегеноста или преносливоста на вирусот, може да се зголеми за подобро се разбере. На британско-норвешкиот двоец, им се приклучил и Сер Ричард Дирлав, челникот на британската тајна служба MI6 од 1999 година до 2004 година.
Тој во своите тврдења отишол и еден чекор понатаму и за „Дејли Телеграф“ тврдел дека истражувањата на Соренсен и Далглеиш, покажуваат дека пандемијата можеби е започната на Виролошкиот институт во Вухан.
Тој додал дека малку е веројатно вирусот да бил намерно пуштен, но истакнал дека Кина очигледно се обидела да го прикрие пропустот. Ова не е првпат да се јавуваат вакви тези.
Кинеските и американските политичари веќе со месеци разменуваат обвинувања на тема Ковид-19. Откако короната стигна во САД, високи официјални лица од администрацијата на Доналд Трамп ги промовираат гласините дека тој настанал во Виролошката лабораторија во Вухан.
Кинеските официјални лица не им останале должи. На пример, Жао Лијан, портпаролот и заменик на главниот директор на Одделението за информации на министерството за надворешни работи на Кина, преку „Твитер“ порача:
„CDC е фатен на дело. Кога во САД се појави нултиот пациент? Колку луѓе се заразени? Кои се имињата на болниците? Можеби американската војска ја донесе епидемијата во Вухан. Бидете транспарентни. Објавете ги вашите податоци! САД ни го должи тоа објаснување!“, напишал тој.
Коментирајќи ја новата студија, виролозите истакнуваат дека слични инсерти, какви што има во новата студија, се окриени во SARS-CoV-2, се случуваат природно во генот и кај другите вируси, на пример кај другите коронавируси и ХИВ вирусот.
Во работата на норвешко-британскиот тим, како аргумент кој би можел да оди во прилог на тезата за вештачко потекло на вирусот, меѓу останатото се споменуваат и наводните факти дека вирусот од својата појава во човечката популација слабо мутира.
Тоа би требало да подразбира дека веќе од раните денови на пандемијата, тоа бил добро прилагоден пренос меѓу луѓето.
Но, таа теза не држи, затоа што бројни истражувања јасно покажуваат дека SARS-CoV-2 постојано мутира. За потполно разбирање на двоецот околу британско-норвешката студија, важно е да се напомене дека Соренсен можеби има и личен интерес во медиумските атрактивни тези за вештачкото потекло на новиот коронавирус.
Имено, трудот објавен во Quarterly Review of Biophysicsuprvenstveno, ги претставува аргументите за развој на Bivacc-19, вакцината кандидат за Ковид-19, која моментално е во напреден претклинички развој.
Извор: Курир.рс