Објавата на iPhone 12 линија телефони, според наводите е одложен за еден или два месеца, а новите извештаи укажуваат на некои нови детали за плановите на Apple. Според информациите, компанијата од Купертино втората фаза на инженерската валидација и тестирање (EVT) за iPhone 12 линијата ќе ја почне до крајот на овој месец, додека масовното производство на смартфоните ќе почне од јули.

Претходните гласини сугерираа дека Apple ќе објави четири iPhone 12 модели, а изворите тврдат дека сите ќе се најдат во производство од следниот месец. Сепак, останува да се види дали Apple сите модели ќе ги објави заедно или посебно. Некои минати извештаи сугерираа дека објавата на премиум модели со mmWave 5G ќе биде одложена поради измени во дизајнот на антените.

Нема сите iPhone 12 модели да имаат mmWave 5G поддршка. Телефоните со послаби спецификации ќе поддржуваат само sub-6GHz 5G конекција.