Јапонскиот гигант за видео игри Nintendo призна дека од почетокот на април до сега хакери пробиле во базата на податоци на 300.000 профили на нивни корисници.

Хакерите добиле пристап до лични информации како што се родендени и адреси на електронска пошта, но не и до информации за кредитни картички.

– Длабоко се извинуваме што им предизвикавме проблеми и загриженост на нашите клиенти, соопшти компанијата од Кјото и вети дека ќе ја „зајакне безбедноста … и ќе спречи ова повторно да се случи“.