Visionox е еден од најголемите производители на OLED во Кина, а обезбедува панели за Xiaomi премиум телефоните како што се Mi 10 и Mi Note 10. Сега кинеските медиуми објавија дека Visionox е подготвен за почеток на масовно производство на дисплеи со камери под екранот.
Оваа технологија само по себе не е нова – Oppo веќе го прикажа начинот да се надминат проблемите со рамки, засеци и punch-hole отвори во текот на MWC Шангај во 2019. Тогаш комапнијата истакна дека главна пречка во развојот на ова решение е осветлувањето и разликите во боите кои исчезнуваат со прекршувањето на светлината на заштитното стакло.
Visionox тврди дека ова може да се исправи со различни органски и неоргански филм материјали, кои овозможуваат повисока транспарентнотс. Хардверот е нов, но и натаму бара софтвер за поддршка, а компанијата тврди дека има алгоритам кој ги исправа проблемите со осветлувањето, гамутот на бои и аглите на гледање.
Кинеската компанија се ова го постигна со помош стотина нови технологии, од кои поголем дел веќе се патентирани, што овозможи почеток на масовното производстви. Последниот чекор, пред дисплеите со камери под дисплејот да се појават на пазарот ќе биде нивното прифаќање од помалите производители.