Motorola работи на нов достапен телефон, под името Moto E LE, а сега се појавија први рендери на уредот. Смартфонот има засек во облик на капка во екранот, две камери и рамна задна површина.
Во горниот дел на рамката се наоѓа приклучок за слушалки, додека во долниот дел се наоѓа USB-C конектор и микрофон. Се очекува дека Moto E LE ќе служи како наследник на минатогодишниот Moto E6 Plus модел.
Познати се и главните карактеристики на Motorola Moto E LE уредот, а тие вклучуваат Snapdragon 632 чипсет, 1520 x 720p дисплеј и 3550mAh батерија.
Димензиите на уредот изнесуваат 159,77 x 76,25 x 8,65 милиметри, ќе се испорачува со Android 10, а очекуваната цена е околу 150 долари.