Претставен е нов LG Ergo монитор, кој го карактеризира складен дизајн, со бројни функции кои ќе им одговараат и на PC и на Mac корисниците.
LG Ergo има големина на екранот од 27 инчи и резолуција од 2560 x 1440 пиксели, со освежување од 60Hz до 75Hz. Компанијата истакнува дека дисплејот нуди прецизни детали и бои, заедно со широки агли на гледање. Мониторот е наменет за фотографи, креатори на видео содржини и други намени за работа од дома или во канцеларија.
Со мониторот стигнува C-Clamp mount за поставување на речиси секоја маса. Од конекциските опции, тука се еден DisplayPort и два HDMI порта, како и USB-C конекција, која овозможува полнење на уредите со брзини до 60W. Двата USB-A порта дополнително ја подобруваат употребната вредност на мониторот.
Новиот LG Ergo монитор е достапен преку сајтот на јужнокорејската компанија, по цена од 450 долари.