Facebook објави нова функција, која на корисниците им овозможува нивните профили да не се издвојуваат од погрепни причини (на пример, кога бараат работа и можниот работодавец ќе го прегледа нивниот профил).
За оваа цел е претставена Manage Activity функцијата, која овозможува групно криење или бришење на објави. Функцијата овозможува на многу полесен начин да се управува со присуството на социјалната мрежа.
Можно е да се архивира (скрие) содржината која не сакате другите да ја видат, но која и натаму сакате да ја задржите за себе на платформата. Тука е и корпата за отпадоци, каде ги преместувате работите кои повеќе никогаш не сакате да ги видите.
Содржината тука ќе остане 30 дена, што му дава доволно време на корисникот да го врати доколку се предомисли, а по овој период ќе биде автоматски избришана.
Manage Activity е моментно достапен за Facebook Lite, а наскоро ќе пристигне на нормалните мобилни апликации, додека во иднина се очекува и за десктоп.