Најновите информации укажуваат на тоа дека HMD Global подготвува нов смартфон, кој ќе го покренува MediaTek Dimensity 8XX чипсет. Моментно, не е познато името на овој телефон.
Извештајот споменува дека уредот најверојатно нема да биде претстојниот Nokia 7.3 5G модел, кој се очекува во текот на третото тримесечје. Се верува дека Nokia 7.3 ќе го покренува Snapdragon чипсет.
Nokia телефонот со Dimensity 8XX чипсет, во продажба би требало да се појави на почетокот на следната година, а се очекува дека би можел да биде претставен во текот на Mobile World Congress (MWC) 2021. година во февруари.
Кога се во прашање останатите телефони на Nokia, чие претставување се очекува, тука е Nokia 6.3 со Snapdragon 730G чип; Nokia 7.3 според гласините ви требало да има 7XX SoC со 5G поддршка, Snapdragon 865 најверојатно ќе го покренува Nokia 9.3 PureView 5G моделот.