Се очекува Apple во текот на есента да ја претстави својата следна iPhone линија, а во меѓувреме се појавија доста протечени информации, но и концепт решенија.
Овој пат имаме видео кое прикажува iPhone 12 Pro концепт, а го креираше Мауро Батино, а го објави YouTube каналот ConceptsiPhone. Концептот имплементира решенија кои поголемиот дел од корисниците и фановите на Apple би сакале да ги видат на iPhone 12 моделите.
Меѓу овие решенија се и 5G поддршка (која се очекува на следната линија уреди), помалиот засек, 120Hz Super Retina XDR дисплеј, A14 Bionic чипсет, како и подобрениот Face ID систем на препознавање на лицето. Покрај ова, концептот ја сугерира Navy Blue бојата за iPhone 12 Pro.
Иако сето наведено има смисол и би можело да биде имплементирано во следниот iPhone 12 Pro модел, потребно е да се потсети дека се работи за концепт идеи и дека не постојат гаранции дека Apple ќе ги имплементира сите овие решенија.