Кинескиот магнат во секторот на онлајн продажба, Alibaba, најави дека планира да вложи 100 милијарди јуани или 15 милијарди долари во изградба на глобална логистичка мрежа во рок од пет години во склоп на ширењето на бизнисот во секторот на логистички услуги.
Најавениот износ ќе биде инвестиран во развој на податочни технологии и подобрување на процесот на складирање и достава. Исто така, се подготвуваат да издвојат 5,3 милијарда јуани за зголемување на уделот во логистичката компанија Cainiao Smart Logistics Network од 47% на 51%. Оваа компанија дневно контролира околу 57 милиони испораки, а со инвестицијата од Alibaba, вредноста и се зголеми на околу 20 милијарда долари.
„Нашиот ангажман во Cainiao и дополнителните инвестиции во логистика ја демонстрираат нашата желба да изградиме најефикасна логистичка мрежа во Кина и во светот“, истакна во известувањето извршниот директор на Alibaba, Даниел Женг.
Најавата за нови инвестиции временски се поклопува со брзото проширување на логистичката мрежа на Alibaba и со мрежата на електронска продажба во страство, вклучувајќи ги и најавените канали за директна продажба во Индонезија, Тајланд, Филипините преку инвестиции од 2 милијарди долари во интернетската малопродажна компанија Lazada Group на подрачјето на југоисточна Азија.
Инвестициите на Alibaba во Cainiao само ја потврдуваат намерата за зајакнување на контролата над матичниот кинески пазар за услуги за складирање и достава.
Извор: Poslovni Dnevnik.hr