Популарниот сервис за праќање пораки WhatsApp, чиј сопственик е е компанијата Facebook, во последниот ден од старата година имаше едночасовен прекин на работата.

„Корисниците на WhatsApp шширум светот се жалеа на прекин на апликацијата, пред проблемот да биде решен“, рече портпаролот на компанијата, пренесе Ројтерс.

Прекинот на работата најмногу го почувствуваа во Индија, Малезија, САД и Бразил, а причината не е позната.