Најпопуларната и најголема социјална мрежа на светот Facebook моментално има одредени технички проблеми, а и корисниците од Македонија тешко можат да пристапат.
Судејќи според пријавите на проблеми, погодени се Европа и Северна Америка. Засега нема детални информации за причините за падот на Facebook.
Корисниците се жалат на проблеми кои започнале уште денеска околу 11 часот, но некаде пред 18 часот социјалната мрежа доживеа „тотален мрак“. Исто така, и корисниците на Instagram не можат воопшто да ја отворат страницата или пак не можат да се логираат на нивните профили.