Според најновиот извештај, Samsung сака да влезе на ултра-премиум пазарот на паметни часовници, а ова ќе го направи со понуда на титаниум верзија на својот претстоен паметен часовник.
Титаниумската верзија на носечкиот уред би можела да биде наследник на Galaxy Watch моделот, но би била доста поскапа. Ова го сугерира сајтот SamMobile, но не споменува конкретна цена на уредот.
Кога се во прашање предностите кои ги пружа титаниумот, тука е прво подобриот изглед, а потоа исклучителната издржливост, како и малата тежина.
Се очекува дека новата линија Samsung Galaxy Watch паметни часовници ќе има 8GB интерна меморија, а батеријата ќе биде надградена на 330mAh. Samsung би можел да имплементира и физичка, ротирачка рамка.