Како лидер на издаваштвото во нашата држава, Просветно дело „влезе“ во вашиот дом со тоа што неодамна започна со работа нивната виртуелна книжарницa.

Со постојан стремеж да се внесе новитет и да се обезбеди уникатно искуство за своите купувачи, Просветно дело ја дигитализираше својата понуда поставувајќи го асортиманот на виртуелната книжарница www.prosvetnodelo.com.mk. Купувачите ќе имаат можност лесно, брзо и безбедно да ги купуваат своите омилени книги, училишен прибор и канцелариски материјали уживајќи во удобноста на својот дом!

Компанијата е столб во издавање учебници, лектири и дидактички материјали за основно и средно образование, литература за деца, едукативни и интерактивни изданија, белетристика, академски книги, училишни списанија како и изданија наменети за предучилишниот воспитно-образовен процес Просветно дело располага со 30 книжарници кои покрај книги нудат најголем избор на училишен и канцелариски прибор со врвен квалитет.

„Живееме во време на голема и мошне брза дигитализација. Живееме во време во кое потрошувачките навики од ден на ден се менуваат, а секоја компанија која се стреми да ги следи моменталните трендови и потребите на своите потрошувачи, се стреми кон достигање на најновите начини на работење. Сѐ повеќе нашите купувачи се навикнуваат да купуваат онлајн, па затоа решивме да им овозможиме сите производи да ги купат преку нашиот веб-шоп“, велат од издавачката куќа.

Тимот на Просветно дело создавајќи ја оваа платформа им нуди можност на своите купувачи да пазарат во кое било време од кое било место. Така не го трошат своето време да стигнат до одредената локација, да чекаат ред и на тој начин заштедуваат време. Виртуелната книжарница на Просветно дело е отворена 24/7, 365 дена во годината!

Сите љубители на пишаниот збор се добредојдени да ја посетат!