Популарните дојавувачи Digital Chat Station и Ishan Agarwal ни овозможуваат да видиме како изгледа претстојниот Realme X3 SuperZoom телефон.
Покрај фотографиите на телефонот, објавени се и спецификациите кои укажуваат на Qualcomm Snapdragon 855+ чипсет, 6.6-инчен IPS LCD дисплеј со поддршка за 120Hz освежување. Се очекуваат и 12GB RAM и 256GB простор за складирање.
Системот на камери на задната страна ќе го сочинуваат 64MP главна (Samsung GW1 сензор и f/18 објектив), 8MP ултраширока (119 степени, f/2.3), 8MP телефото со 5x оптички и 60x дигитален зум и OIS поддршка. Четвртата камера има 2MP f/2.4 сензор на длабочина. Од предната страна се наоѓа 32MP камера со Sony IMX616 сензор.
Телефонот ќе го напојува 4200mAh батерија со поддршка за 30W Dart Flash Charge. Realme се одлучи читачот за отпечатоци од прсти да го смести од страна на рамката. Realme X3 SuperZoom ќе биде достапен во Arctic White и Glacier Blue варијанти.