Познатата компанија Ookla ја направи првата интерактивна мапа на која може да се види ширењето на 5G мрежата ширум светот.

На интерактивната мапа за ширење на 5G мрежата (можете да ја погледнете ТУКА), Македонија се наоѓа со својата единствена експериментална 5G мрежа. На мапата може да се види дека од нашите соседи оваа мрежа е најразвиена во Бугарија и Грција, а во поблискиот регион убедливо најмногу се развива во Романија.

Во Хрватска, Унгарија, како и во Романија, Бугарија и Грција постојат по неколку комерцијални мрежи кои се „ограничено достапни“.

Моментално ширум светот има 8782 инсталации на “5G” мрежата кои се во најразлична фаза, а вкупно се достапни во 123 држави ширум светот. Ookla неделно ја обновува мапата, а освежувањето може да се врши и дневно доколку добие податоци од верифицирани извори.

Според тоа што може да се види на мапата, најдобро покриена земја со 5G мрежата е САД, а следуваат, Кина, Јапонија и европските земји како што се Холандија, Германија, Велика Британија и Швајцарија.