Компанијата Samsung Electronics го најави почетокот на официјалната продажба на новите QLED 8K и 4K модели на телевизори за 2020 година на домашниот пазар.
Помеѓу најновите модели на Samsung телевизори посебно се истакнува Q950TS QLED 8K, флегшип уредот за 2020 година, кој на корисниците им нуди единствена технологија и ненадминливо доживување во гледањето, комбинирајќи унапреден квалитет на сликата и звукот, иновативни можности на вештачката интелигенција и врвен, минималистички дизајн. Односот на екранот со куќиштето на револуционерниот Infinity Screen екран изнесува неверојатни 99:1 проценти. Гледан од профил, Q950TS е исклучително тенок, само 15мм, па со својата појава претставува дефиниција на идејата за сеопфатните екрани.
Со технологијата Objective Tracking Sound+, звукот се шири побрзо од било кога, додека ги следи сцените на екранот, а интегрираните звучници овозможуваат тродимензионално аудио доживување. Освен тоа, технологијата на активно прилагодување на дијалогот во реално време ја препознава вревата и шумовите во околината, па автоматски го зголемува тонот на разговорот, правејќи го појасен.
Покрај моделот Q950TS, корисниците можат да се одлучат и за Q800T QLED 8K телевизорот. Двата уреди доаѓаат со Quantum Dot AI технологија, која го комбинира Samsung 8K процесорот со водечката платформа во индустријата, под името Tizen, за да може визуелно да ја унапреди било која содржина. Без оглед на изворот преку кој се репродуцира содржината или моменталната резолуција, сликата може да биде прикажана со дури 33 милиони пиксели.
Освен иновативните уреди од областа на 8K технологијата, Samsung на домашниот пазар ја воведува и новата QLED 4K 2020 линија на телевизори. Така, корисниците ќе имаат пристап до најсеопфатната QLED 4K понуда, со моделите Q60T, Q65T, Q70T, Q75T, Q80T и Q95T. QLED 4K 2020 линијата доаѓа со унапредени Smart Screen способности засновани на вештачка интелигенција, како што е опцијата Adaptive Picture, што го анализира степенот на осветленост и содржината на екранот, за да се обезбеди совршен квалитет на сликата.
Сите овие модели доаѓаат со нови опции за поврзување. Multi-View е опција што овозможува содржината од мобилниот уред да се прикаже на еден дел на екранот на телевизорот, со флексибилност да изберете помеѓу 14 различни опции за поделба на екранот. Од друга страна, Tap View ги поврзува паметните телефони со вашиот телевизор полесно од било кога, па сега корисниците може да ја прикажат својата содржина на телефонот на голем екран со едноставен физички допир на двата уреди.
Во Македонија, моделот Q950TS е достапен во големини од 65, 75, 85 и 98инчи,а почетната цена изнесувa 321.499 денари. Достапни големини на моделот Q800T се 65, 75 и 82 инчи, а цената почнува од 242.899 денари. 4K моделите Q60T, Q65T, Q70T, Q75T, Q80T и Q95T доаѓаат со големини од 43 до 85 инчи, а почетната цена е 44.199 денари.
Повеќе информации за понудата на Samsung QLED 2020 моделите на телевизори можете да најдете на: https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/highlights/.