Xiaomi минатата недела во Кина официјално го објави MIUI 12 корисничкиот интерфејс, заедно со Mi 10 Youth Edition телефонот. Компанијата, исто така, објави и MIUI China Closed Beta ажурирање, додека стабилната верзија се очекува во јуни.

Најавена е и MIUI 12 Pilot програмата за бројни уреди, вклучувајќи ја и Redmi K20 серијата. Сега Xiaomi објави дека MIUI 12 за глобалните пазари ќе го претстави на 19. мај.

MIUI 12 корисничкиот интерфејс овозможува нови анимации, Dark Mode 2.0, а се фокусира на приватност и сигурност. Тука е и подобрениот Xiaomi AI асистент, со AI повикување. Некои од овие функции можеби нема да бидат достапни за глобалната верзија на ROM, но повеќе детали за ова се очекуваат во текот на следната недела.