Dell внесе нов живот во својата XPS линија лаптопи, а ова го вклучува и долгоочекуваното враќање на XPS 17 верзија. Компанијата објави детали за спецификациите и цените за годинашниот XPS 15, како и за новиот XPS 17 модел.

Новиот XPS 17 е окарактериран како „најмал 17-инчен лаптоп на планетата“, со екран кој има минимални рамки. Благодарение на компактниот дизајн, XPS 17 е помал од 48 проценти од 15-инчните лаптопи кои моментно се достапни на пазарот, а при тоа има поголем дисплеј. Кога се во прашање спецификациите, на корисниците им се нуди Intel процесор од десеттата генерација и графичка картичка до Nvidia GeForce RTX 2060 Max-Q моделот.

Dell XPS 15 исто така е редизајниран, а нуди баланс меѓу силата и преносливоста. Дисплејот е нешто поголем, со 16:10 однос на страници, со вградени звучници за подобрен звук. Dell го нагласува и работниот век на батеријата до 25 часа, како и спецификации кои вклучуваат процесор од Intel Core серијата од 10. генерација и Nvidia GeForce GTX 1650Ti GPU.

XPS 17 и XPS 15 имаат екрани со 100% Adobe RGB покриеност и поддршка за 94% DCI P3 спектар на бои. Корисниците ќе можат и опционално да изберат дисплеј до 4K Ultra HD+ (3840 × 2400p) резолуција.

Dell XPS 15 ќе биде достапен на пазарот од овој месец, по почетна цена од 1300 долари, додека XPS 17 ќе почне да се продава во јуни по почетна цена од 1500 долари.