HMD планира доста да вложи во развојот на камерите на Nokia 9.3 PureView телефонот. Претходно веќе слушнавме дека телефонот ќе има 108MP сензор, а сега изворите тврдат дека камерата ќе снима 8K видеи @30fps.
Ова ќе се случи само доколку инженерите бидат задоволни од резултатите, а моментно вредно работат на финализирање на процесорските алгоритми. Snapdragon 865 е еден дел од тој процес, а овој чипсет ќе го замени првобитно планираниот Snapdragon 855.
Кога се во прашање фотографиите, HMD се фокусира на Pro и Night модовите. За Pro режимот ќе бидат преработени рачните контроли и алгоритми за обработка на фотографиите. Ноќниот режим ќе ги користи предностите на поголемите пиксели и OIS поддршка. ZEISS исто така ќе биде присутен, со поддршка за ексклузивните ZEISS ефекти.
Nokia 9.3 PureView би можел да биде објавен во август или септември.
Поврзани артикли