Францускиот луксузен бренд Louis Vuitton претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.
Часовникот е уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.
Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк Glacier Bay. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери Louis Vuitton кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.
Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само од едно парче, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.
Поврзани артикли
