Италија ја казни компанијата Apple со речиси 100 милиони евра за злоупотреба на доминацијата во App Store.
Италијанскиот орган за контрола на конкуренцијата ја казни американската компанија Apple со 98,6 милиони евра за злоупотреба на доминантната позиција на пазарот на мобилни апликации, соопшти Управата за конкуренција и пазари (AGCM).
Според италијанскиот регулатор, Apple ги прекрши европските правила со својот App Store, каде што има, како што вели, „апсолутна доминација“ во екосистемот iOS во односите со програмери од трети страни, што го искористил за ограничување на конкуренцијата на пазарот.
AGCM тврди дека Apple наметнал порестриктивни политики за приватност на трети страни преку својот систем за следење на транспарентноста во апликациите (ATT) и барал од програмерите постојано да ги прашуваат корисниците дали се согласуваат со користењето на нивните податоци за рекламирање.
Регулаторот смета дека овие услови се еднострано наметнати, непропорционални на целта за заштита на приватноста и штетни за деловните партнери на компанијата.
AGCM забележа дека истрагата е спроведена во координација со Европската комисија и други меѓународни тела за заштита на конкуренцијата, објави Ројтерс.
Поврзани артикли
