Компанијата Walt Disney и YouTube објавија дека се договориле за крај на прекинот на емитувањето поради кои каналите ABC, ESPN и други беа отстранети од платформата за стриминг на YouTube TV.

Со договорот, најавен како „повеќегодишен договор за дистрибуција“, каналите ќе им се вратат на претплатниците „речиси веднаш“, објави NBC.

Новиот договор вклучува и споделување содржини од Disney+ и Hulu Bundle на YouTube TV, соопшти Disney.

YouTube претходно го обвини Disney дека ја користи заканата за отстранување на канали како преговарачка тактика за зголемување на приходите за своите услуги за стриминг на Hulu + Live TV и Fubo.

Прекинот започна кон крајот на октомври, а на претплатниците им беше ветено кредит од 20 долари во случај на продолжен прекин.

YouTube TV е најголемиот давател на интернет телевизија во Соединетите Држави, со повеќе од девет милиони претплатници, додека Hulu има половина од тој број.