Meta ги носи своите AI алатки за уредување директно во Instagram Stories. Корисниците сега можат да пишуваат команди за да додаваат или отстрануваат елементи или целосно да ја менуваат содржината.

Иако Meta претходно нудеше можности за уредување слики на Instagram, тие алатки беа ограничени на интеракција со Meta AI четботот. Додавањето текстуални команди во Stories сега ги прави овие функции многу подостапни.

Новите опции се наоѓаат во менито „Restyle“ што се појавува на врвот од екранот на Instagram Stories кога ќе ја допрете иконата со четка. За да едитирате слика, изберете „add“, „remove“ или „change“ и опишете што сакате да промените. На пример, Meta објаснува дека можете да побарате да ја промените бојата на косата, да додадете круна на главата или да вметнете зајдисонце во позадина.

Исто така, постојат претходно поставени ефекти што можат да ја променат вашата облека или стил на сликата. На пример, можете да додадете предмети како очила за сонце или кожна јакна или да примените ефект на акварел. За видеа, можете да направите да изгледа како да врне снег или да додадете пламен.

Важно е да се напомене дека кога користите Meta AI на Instagram, се согласувате со условите за користење на Meta за AI функциите, кои ѝ овозможуваат да ги анализира вашите медиуми и црти на лицето користејќи вештачка интелигенција.

Според тие услови, кога ги прикачувате вашите фотографии, Meta може „да сумира содржина, да менува слики и да генерира нова содржина врз основа на нив“.