Германскиот министер за култура Волфрам Вајмер неодамна доби двојник од вештачка интелигенција за да се појави во ТВ емисија. За разлика од него, канцеларот Фридрих Мерц не планира аватар.
Портпаролот на владата, Себастијан Хиле, на прашање, одговори дека не слушнал дека Мерц планира такво нешто, но дека не може категорично да го негира тоа.
Вајмер го направи првиот чекор со својот „Вајмертар“, „па прво би го пуштил, ајде да видиме како ќе функционира“, рече портпаролот.
Congratulations to Germany's Minister of State for @BundesKultur Wolfram Weimer for launching Weimatar – the first AI avatar of a German government member created with @synthesiaIO pic.twitter.com/acOksezYNy
— Alexandru Voica 💀 (@alexvoica) September 24, 2025
Виртуелниот двојник на Вајмер се појави на телевизијата ARD. Тој се обрати на јавноста не само на германски, туку и на кинески, полски, фламански и француски јазик.
Хиле, како и Вајмер, ја нагласи огромната важност на вештачката интелигенција, додавајќи дека политиката не го следи пасивно нејзиниот развој, туку активно ја обликува самата.
„Аватарот на Вајмерт е целосно испланиран политички експеримент“, рече портпаролот.