Социјалната платформа Instagram започна нова програма за награди за креатори, која ќе им оддаде признание на авторите кои „ги поместуваат границите на културата и иновациите“ без оглед на видот на содржината.
„Наградата е наменета за оние кои не само што учествуваат во културата, туку и ја менуваат и ги надминуваат пречките за да ги остварат своите амбиции. Секој креативен потфат, голем или мал, може да донесе значајни резултати“, велат од Instagram.
Во првиот циклус, 25 креатори ќе добијат златен прстен следната недела, додека нивните профили на Instagram ќе бидат обележани со дигитален златен прстен.
Наградите ќе ги додели жири во кое, меѓу другите, ќе бидат вклучени извршниот директор на Инстаграм, Адам Мосери, режисерот Спајк Ли, дизајнерот Марк Џејкобс, познатиот технолошки јутјубер Маркез Браунли и актерката Јара Шахиди, објавува Tech Crunch.
Победниците ќе можат да ја прилагодат бојата на позадината на својот профил, како и да го дизајнираат сопственото „like“ копче, кое дополнително ја нагласува индивидуалноста и креативноста.
Instagram забележува дека целта на програмата е да ги инспирира креаторите да преземаат креативни ризици и да ја потсети заедницата на важноста на иновациите и храброста во креативноста.
