Многу корисници не се задоволни од дизајнерските одлуки што Apple ги имплементираше во iOS 26.
Новата визуелна опција во iOS 26, наречена „Liquid Glass“, требаше да донесе свеж и модерен изглед на иконите во темен режим, но наместо тоа, кај одреден број корисници предизвикува непријатност, па дури и вртоглавица.
iOS Dark Mode is an optical nightmare
byu/tantunidevourer inios
Apple ги збогати иконите со суптилен ефект на осветлување во горниот лев агол, што создава илузија дека се малку навалени. Иако овој ефект е помалку забележлив во движење, кај статичните слики, како што се снимките на екранот, визуелната илузија станува исклучително впечатлива.
Реакциите на корисниците на социјалните мрежи се претежно негативни. Додека некои го гледаат овој потег како непотребен експеримент во дизајнот, други веруваат дека тој ја нарушува основната функционалност на интерфејсот, бидејќи ги заморува очите и создава чувство на дезориентација.
Засега, Apple не коментираше за критиките, ниту пак објави опција за исклучување на овој ефект.
Поврзани артикли