Кинескиот AI гигант троши многу помалку пари за обука за вештачка интелигенција отколку неговите американски конкуренти.

Кинеската компанија DeepSeek изјави дека потрошила само 294.000 долари за обука на својот модел на вештачка интелигенција R1, што е далеку помалку од она што го потрошиле конкурентските американски компании.

Во труд објавен во списанието Nature, компанијата изјави дека обуката на моделот R1 чинела нешто помалку од 300.000 долари и користела 512 чипови H800 на компанијата Nvidia.

Се додава дека компанијата поседува и A100 чипови и ги користела во подготвителните фази на развој на моделот R1.

„Користевме A100 графички процесори за експерименти со помал модел, а по таа фаза, R1 беше обучен 80 часа на кластер од 512 H800 чипови“, се вели во соопштението.

Американските претставници потврдија во јуни дека DeepSeek имал пристап до големи количини на H100 чипови се набавени откако САД вовеле контрола на извозот на чипови во Кина.

Nvidia во исто време изјави дека DeepSeek користел легално стекнати H800 чипови, а не H100.

Сем Алтман, извршен директор на конкурентската американска компанија OpenAI, во 2023 година изјави дека почетната обука на нивниот модел ChatGPT чинела „многу над 100 милиони долари“.